Привремен абатмент (Peek abutment)
Привремените титаниумски абатменти се користат кај реставрации на еден заб, кај парцијална и тотална беззабост, за привремено цемент-ретинирани или штраф ретинирани реставрации.
Новите PEEK привремени абатменти нудат едноставен избор кај привремените реставрации. PEEK(Полиетер етер кетон) е високо-степен термопластичен полимер, се карактеризира со голема сила, еластицитет и резилиенција и е идеален за имедијантно оптоварување и имедијантна имплантација кај реставрација на еден заб или на повеќе заби.
PEEK абатментите се сигурни, едноставни за користење, економични и обезбедуваат одлична естетика.