Хелио апарат со полнач XPRESS ORTHO
Хелио апаратот BLUEDENT SMART XPRESS е безжичен апарат наменет за полимеризација на дентални материјали. Особена примена има во Ортодонција, бидејќи има HYPER модул кој за кратко време дава силен интензитет на светлина, потребен за зацрвстување на брекетите. Користи LED диоди како извор на светлина. Брановата должина на емитираната светлина е меѓу 440-490nm или 410-490nm.
BLUDENT SMART XPRESS се состои од безжичен наставок и станица за полнење.
Teхнички карактеристики:
- Напојување: 100-240VAC
- Програми на работа - HYPER(H), STANDARD(S), LONG (L), RAMP(R)
- Интензитет на светлина – 1500 mW/sq.cm (S,R,L) / 3500 mW/sq.cm (H)
- Време на емитирање на светлина- (H)3-36sec. (H) / 10-20-30sec. (S, R) / 1-9min. (L)
- Светлина-сина, 390-510nm
- Извор на светлина – 470nm(450-490nm) или (410-190nm)
- Звучен сигнал –на секои 3sec (H) / 10sec. (S, R) / 1min. (L)
- Можност за исклучување на звучниот сигнал
- Дигитален дисплеј за подесување на програмата и времето
- 3.7V Li Ion батерија
- Сигнал кога батеријата е испразнета