Електричен ултразвук I03E
Ова е електричен ултразвук со пиезокристали. Се вградува на стоматолошката столица. Се користи за отстранување на забен камен ( супрагингивални и субгингивални конкременти), a во зависност од наставокот има улога и во ендодонтскиот третман.
Технички карактеристики:
Ултразвукот може да биде со или без лед светло
Рачката на ултразвукот може да се вади за чистење и автоклавирање.
фреквенција: 28КHz ± 3KHz
напојување : 24VAC или 30DC
сетот содржи 5 наставци (G1*1 G2*1 G4*1 P1*1 E1*1)