Личните податоци кои се обработуваат од страна на БОРДЕН ЛТД ДООЕЛ може да се користат за директен маркетинг единствено по дадена согласност од страна на лицата чии податоци се обработуваат.
Согласноста за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг се дава со посебна форма преку која корисникот се согласува да добива маркетинг известувања, преку канали за кои оставил податоци, со што дадената согласност се однесува исклучиво за целите на директен маркетинг со испраќање на известувања и маркетинг материјали, без притоа да се врзува ваквата согласност со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.
Секое лице кое дало согласност за користење на лични податоци за цели на директен маркетинг има право во секое време, бесплатно и со користење на едноставни средства да ја измени или повлече согласноста за обработка на личните податоци за цел на директен маркетинг со кликнување на опцијата unsubscribe (повлекување на согласност) во долниот дел на некој од пристигнатите мејлови или преку контактирање на Офицерот за заштита на лични податоци за барањето (контакт податоците се во сегментот „Политика за приватност“, во која дополнително се образложени и правата на субјектот на лични податоци), без притоа да се врзува ваквото повлекување на согласност за цели на директен маркетинг со губење на било кое друго право на давателот во однос на услугите кои се обезбедуваат преку веб страницата.
БОРДЕН ЛТД ДООЕЛ за потребите на спроведување директен маркетинг ја користи платформата MailChimp, трговска марка на Rocket Science Group. Собраните податоци се зачувани на серверите на платформата и се обезбедени од страна на компанијата Rocket Science Group.