Borden СЕРВИС

Borden има сопствен сервис во склоп на фирмата со искусни сервисери кои поседуваат Сертификати за сервис на стоматолошка опрема од Европа, но и од Кина и Јужна Кореја што е и нивна специјалност ( види За нас ).

Со гордост можеме да кажеме дека нашиот Borden СЕРВИС е прв во регионот и пошироко кој нуди Гаранција и по истекот на гаранцијата со новиот, единствен, современ, професионален, економичен, едноставен, брз, квалитетен и оригинален начин на одржување на стоматолошката опрема. Со овој начин на сервис и одржување Вие добивате гаранција и по истекот на гарантниот рок што е и најважно за вас и за вашата ординација.

Borden СЕРВИС нема да биде тоа што е ако Ви каже само што нуди, туку како тоа ќе го направи со конкретни примери и објаснувања.

  1. Добивате СТРУЧНА помош околу изборот на стоматолошка столица и друга опрема
  2. Добивате ПРОЕКТ ПЛАН ( кликни изведби ) – предлог идеја за распоред на опремата и нивно приклучување во довод-одвод-електро инсталација
  3. Добивате стручна презентација во нашиот изложбен салон и пуштање во функција на опремата што сакате да ја купите
  4. Добивате бесплатен транспорт на стоматолошклата столица
  5. Добивате бесплатна монтажа во вашата ординација во присуство на стручно лице од ваша страна кое ќе добие бесплатна обука за одржување на стоматолошката столица и за користење на нашата web страна каде што се објаснети сите решенија за можни дефекти со слика и текст
  6. Запознавање со столицата и нејзините функции и инструкции за понатамошно користење и одржување
  7. Со купениот стоматолошки стол добивате СЕТ СО РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ со кои добивате една сериозна сигурност
  8. За време на гаранцијата добивате БЕСПЛАТНИ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ кои ги имаме на лагер во секое време и нивна бесплатна испорака
  9. Добивате КАТАЛОГ СО СИТЕ РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ ( види каталог ) СО ФАБРИЧКИ СИМБОЛИЧНИ ЦЕНИ кој ќе можат да го користат само нашите клиенти на кои ќе им даде додатна сигурност и по истек на гаранцијата  што е и НАЈВАЖНО за вас околу одржување на опремата.

10.Во РУБРИКАТА ДЕФЕКТОЛОГИЈА добивате професионално, текстуално и сликовито објаснување за решавање на сите можни дефекти, со што им ставаме крај на сите непланирани застои во вашата работа

11.Со овој начин на сервис вие не се изложувате на НЕПОТРЕБНИ ТРОШОЦИ, а добивате решавање на проблемот во НАЈКРАТОК МОЖЕН РОК

12.Добивате 24ч професионална поддршка од базата на нашиот сервис

13.Поддршката од базата на нашиот сервис е бесплатна за време и по истекот на гаранцијата

14.Со овој начин на сервис нашите сервисери не губат време во ДОЛГИ ПАТУВАЊА и можат да посветат повеќе време на вас и вашиот проблем

15.Borden не прави финансиски резултати од резервните делови и услугите од сервисот

16.Со помош на РУБРИКАТА ДЕФЕКТОЛОГИЈА вие можете САМИ или со помош на стручно лице од ваша страна да го решите проблемот во НАЈБРЗ МОЖЕН РОК што и беше наша главна цел ( види дефектологија )

17.Добивате квалитетна соработка на ДОЛГ РОК

 

Решавање на проблемот во 3 чекори

Еве пример како изгледа поправка на еден конкретен дефект:

ДЕФЕКТ : Не се движи столот

  1. Го наоѓате дефектот во дефектологија
  2. Добивате  password  за начинот на решавање на проблемот со текст и слики
  3. Одлучувате дали ќе го повикате вашето стручно лице или сами ќе го решите дефектот

*Доколку имате проблем во решавање на дефектот се јавувате на нашиот сервис кој е достапен 24ч и со негови инструкции го решавате проблемот.

*Во некои ретки случаи кога ќе има потреба некој апарат да ги испратите во базата на нашиот сервис тогаш ние ќе ви испратиме друг апарат додека да се поправи вашиот.

Сега сме сигурни дека знаете зошто нашиот сервис по долгогодишно искуство ја одбра оваа стратегија на делување во обостран интерес.

 

ЗАДОВОЛЕН КЛИЕНТ = УСПЕШЕН БИЗНИС