За Нас

Почитувани посетители,

Добредојдовте на презентацијата на компанијата BORDEN.

BORDEN е компанија составена  од тим на менаџери и сервисери со долгогодишно искуство во стоматолошката пракса.

Целта на Борден  тимот  е ефикасно пласирање на производи со сигурен и врвен квалитет на пазарот, континуирана едукација со цел да се биде во чекор со светските трендови и иновации, како и проширување на мрежата на задоволни клиенти.

Стварајќи доверба на темел на взаемно почитување со клиентите веруваме дека ќе успееме во тоа.

Ние сме директни увозници на стоматолошка и заботехничка опрема како и материјали, од повеќе Европски и Светски производители. Имаме агенти во Европа и Источна Азија кои секојдневно се во контакт со нашите сервисери и менаџери што е и гаранција за висок квалитет и долга издржливост на опремата.

Постојат многу начини да воспоставиме заедничка соработка. Ние веруваме дека можеме да ги задоволиме најкомплексните барања и потреби во стоматологијата. Ние сме тука за вас, каде што може да се најде најдобро решение за опремување на вашата стоматолошка ординација или заботехничка лабораторија со опрема, инструменти и материјали  од реномирани светски производители  по  поволни цени, со максимална поддршка и обука за работа со истите како и пост-продажен сервис .

Клиентите ќе ја оценуваат нашата работа како професионална и многу одговорна, знаејќи дека секој договор ќе биде коректен и совесно исполнет во определено време. Задоволството е взаемно и комплетно, посебно кога можеме да помогнеме со нашите совети и предлози. Ние сме целосно посветени кон вашите желби и вашиот успех. Нашиот тим се стреми да обезбеди ексклузивни услуги  да ги задоволат вашите потреби. Ние сме отворени за нови предизвици и предлози за соработка.

Во нашата компанија сервисот и логистиката имаат многу важно место. Без работа и знаење, нема да постои  успех, што го потврдуваат и нашите сервисни капацитети. Обука на  клиентите за правилна употреба и одржување на инсталираната опрема е наша обврска. Сопствена брза сервисна поддршка и сопствен лагер на резервни делови, овозможуваат долгорочна сигурност и безгрижност за сите наши клиенти.

Се надеваме дека подетално ќе се запознаете со нашата работа и ќе се уверите дека основната мисија на нашата компанија е што е можно поголем број на задоволни клиенти.

Дозволете ни да Ве запознаеме, а ние Ви ветуваме дека во нас ќе пронајдете доверлив и сигурен деловен партнер, бидејќи за нас, квалитетот е на прво место!

На нашиот сајт можете да ги разгледате производите и опремата и да се запознаете со нивните карактеристики, но и со нашиот сервис и неговиот професионален начин на работа.